Македонија
8. August 2018 - 15:54

„Сканија“ се преврте кај Битола, едно лице повредено

Денес околу 11 часот се случи сообраќајна незгода кај раскрсницата кај с.Крклино  во која што се превртил шлепер.

Од СВР Битола го потврдуваат случајот и информираат дека добиле пријава за случена сообраќајна незгода во која едно товарно моторно возило марка „сканија“ се превртело на патот, во која едно лице е полесно повредено.

Полицијата изврши увид на местото на настанот.