Ракомет
12. December 2020 - 11:07

Скандинавското дерби за Данска

Уште еден меч со драматична завршница на Европското првенство во ракомет, откако Данките со 24:22 ја совладаа Шведска по тензичните последни минути.
 
На 30 секунди пред крајот на мечот, Шведска добива пенал при 22:22, но Натали Хагман несфатливо ја фрла топката над голот. По тајмаутот, Данките преку Мете Транборг стигнуваат до победа и заддржување на шансите за пласман во полуфиналето.
 
Транборг на крајот беше најефикасна со шест гола за Данска, а Ане Мете Хансен додаде пет, додека за Швеѓанките Кристин Торлеифсдотир имаше четири гола.
 
ЕП РАКОМЕТ 2020, 2. ФАЗА
 
ГРУПА 1
 
Франција – Русија 28:28 (16:19)
 
Данска – Шведска 24:22 (13:12)
 
Табела: 1.Русија 7, 2.Франција 7, 3.Данска 4, 4.Шведска 1, 5.Шпанија 1, 6.Црна Гора 0.