Скандалозниот акт на Амедео Модилјани на аукција во Њујорк

Актот на Амедео Модилјани, кој пред еден век предизвика скандал, ќе се најде за првпат на аукција во Њујорк. Вредноста на сликата се проценува на над 100 милиони долари.
„Лежечкиот акт“ создаден е меѓу 1917 и 1918 година и ќе биде ѕвезда на аукцијата на Кристи на 9 ноември во Њујорк.
Актот се проценува на над 100 милиони долари и ако биде продаден за таа сума ќе го надмине рекордот на Модилјани од 70 милиони долари за едно негово дело.
Сликата на гола жена како лежи на грб е една од најпознатите фотографии на Модилјани и е дел од серија актови што го насликал за пријателот и дилер на уметнички дела Леополд Зборовски.
„Лежечкиот акт“ ја шокирал јавноста кога била изложена на првата и единствена самостојна изложба на Модилјани во една париска галерија. Актот е претставуван во музеите низ целиот свет и дел од приватна швајцарска колекција.

Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
