Скандал во свето место: Жена влегла во Аја Софија, ја подигнала бурката и го сликала меѓуножјето
Белгиската манекенка, која минатата година беше уапсена во Египет поради голотија, повторно предизвика контроверзии по фотографирањето во Турција, каде што во Аја Софија ја подигна бурката и го покажа голото меѓуножје.
Мариса Папен го навлече револтот на верниците во Турција, а на удар на јавноста беше и по скандалозната фотосесија пре Ѕидот на плачот во Ерусалим.
- За разлика од Египет, овој пат немавме вистински план. Дојдовме без припреми, само со бескрајна фантазија, изјавила Мариса.
Таа како и во египет му позирала на фотографот, Џеси Волкер.
Прво купиле бурка, а потоа се упатиле кон Аја Софија, која годишно ја посетуваат милиони тусристи.
- Oткако некое време почекавме да влеземе, не изненади големиот број на камери внатре, додала таа.
Во еден момент Мариса ја подигнала бурката и го открила голото меѓуножје.
- Почекавме водичот да почне да зборува и да го привлече вниманието на својата група, почнавме да се фотографираме. Дури и се вративме следниот ден затоа што не бевме задоволни од фотографиите, открил фотографот.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР