Скандал во семејството на Лепа Брена
Вистински скандал се случил во домот на Живоjиновиќ пред неколку дена, кога Лепа Брена ја избркала од дома девојката на нејзиниот посинок Филип, младата пејачка Александра Пријовиќ. Проблемот се должи на фактот дека Филип ја запоставил својата кариера на фудбалски менаџер во Америка и одлучил да биде менаџер на неговата девојка, со која отворил ресторан во Белград и на тој начин ја уништил својата кариера.
„Филип живее малку кај Александра, малку кај Боба и Брена. Тој има 32 години и конечно треба да одлучи дали ќе се ожени и ќе најде сериозна работа. Правило во семејството Живојиновиќ е дека сите треба да придонесат во домашниот буџет. Филип ја запоставил својата кариера поради Александра. Тој не ја продолжил лиценцата за фудбалски менаџер, што требаше да го направи на крајот на август“, раскажува изворот кој сакал да остане анонимен, а е близок со семејството и добро е упатен во целата ситуација.
„На Филип, Боба, а особено Брена му забележуваат поради тоа што цело време е со Александра и ја запоставува својата кариера. По кусата расправија во врска со овој проблем, Брена ја фати Пријовиќ под рака и ѝ го покажа излезот од куќата. Го направи тоа затоа што Пријовиќ ја извади од такт кога кажа дека таа нема никаква врска со Филип и тој може да одлучи што сака, а неа да ја остават на мира. Беше многу лута што неа ја обвинуваат за Филиповото фијаско и дека таа го одвлекува од неговата менаџерска кариера. Сите беа во шок. Филип се стрча по неговата девојка, додека Боба ја поддржа постапката на Брена, а сето тоа се случуваше пред Стефан и Виктор“, открива изворот.
Ново на Сител
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани
-
Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење, вели неговиот адвокат
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем и брза заедничка гранична контрола, имплементација пред летната сезона