СКАНДАЛ: Танчарка откри шокантна приказна за Јелена Карлеуша!
Јелена Карлеуша сака самата да се нарекува дива, а исто така често ги фали своите концерти како продукциски богати, големи и гламурозни.
За тоа секако придонесуваат и танчарите на сцена, а една од нејзините поранешни танчарки јавно распали по пејачката на Фејсбук.
Имено, групата која танцувала на нејзиниот концерт пред три години, се уште не го добила ветениот хонорар.
Јована Ѓуриќ, ја прозва Јелена како должничка, а покрај тоа ја обвини и за копирање на нејзината фризура.
-И порачувам на „едниствената“ дива Карлеуша, на чиј концерт пред три години играв, дека за тоа се уште не добив пари, како и остатокот од танчарите. Овој пат јавно и порачувам на Јелена која знам дека нема да ми го плати сработеното, бидејќи жената нема пари и тоа е ок. И простувам што ме блокираше на Твитер и што не ми ги исплати двомесечните напорни тренинзи за концертот. И да, ја копираше и мојата омилена фризура, што значи дека ме сака, саркастично и се обрати танчарката.
Иако Карлеуша не се огласи по ваквиот статус, танчарката Јована повторно ја зачини приказната пишувајќи дека Јелена пати од комплекси да биде Цеца и не и е јасно како според неа самопрогласената дива мирно спие иако е должник.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница