Скандал: Родилка отпуштена со туѓо бебе, таткото забележал дека е поситно - вистинското изненадување следувалo кога го соблекле

Во родилиштето на Клиничкиот Центар на Црна Гора се случи необична ситуација откако мајка е отпуштена со туѓо бебе.
Од Клиничкиот центар соопштија дека во иднинан при отпустот покрај мајката ќе присуствуваат и уште три лица од клиниката - еден неонатолог и две медицински сестри.
Откако го презеле бебето од акушерката и го напуштиле родилиштетот, родилката и нејзиниот сопруг воопшто не насетувале дека детето не е нивно, а првиот сомнеж се појавил кај таткото кој забележал дека бебето е многу ситно. Кога стигнале дома мајката го одвиткала новороденото девојче и забележала дека бројот на алките не им е ист.
Ја вратиле во родилиштето, каде во боксот ги чекало нивното дете.
Во Клиничкиот центар потврдиле дека се случила замена на бебиња.
-При отпустот медицинската сестра како и родилката, не забележале дека мајката и бебето немаат ист број. Пропустот настанал поради несовесна и неодговорна работа, зошто сестрата не се придржувала на процедурата и протоколот во врска со отпустот на родилки и новороденчиња. Наведениот пропуст веднаш е воочен и отстранет, соопштија од клиничкиот центар.
Директорот на Клиниката за гинекологија и акушерство, за настанот веднаш ја известил управата на Клиничкиот центар, а против одговорната сестра е покрената дисциплинска постапка, поради промена на работното место и суспензија.
Сличен случај имаше и на Гинеколошко- акушерската клиника во Скопје кога мајка си замина со туѓо бебе.
Само неколку дена по овој случај на скопска гинекологија родители тврдеа дека нивното бебе е заменето со друго.
За овој случај прочитајте тука.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
