Скандал поради српско знаме во Претседателството на БиХ, Комшиќ ќе го пријави Додик
Хрватскиот и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Желко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, денеска најавија дека ќе го пријават својот српски колега, Милорад Додик, кој во државните канцеларии на врвот внесе знаме на Република Српска (РС), со што го прекршил законот.
Додик претходно влезе во свечената сала на Претседателството, во која ги прими акредитивите на новиот амбасадор на Србија, го внесе знамето на српскиот ентитет, иако е тоа спротивно на Законот за знамето на БиХ и правилата за работа на државниот врв
Законот предвидува дека при прием на амбасадор треба да се истакне само знамето на БиХ и знамето на државата од која доаѓа амбасадорот.
-Членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, нема да толерираат неодговорност, ароганција и кршење на законите, што денеска беше искажано од претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. Со денешната постапка, Додик ја оцрни церемонијата на предавање на акредитивните писма и ја наруши меѓународната репутација на Претседателството на БиХ, се вели во заедничкото соопштение на Комшиќ и Џаферовиќ .
Двајца официјални претставници велат дека Додик и неговите вработени во канцеларијата свесно ги игнорирале предупредувањата на службата за протокол дека поставувањето етнички знамиња не е дозволено и известија дека својот српски колега ќе го пријават за кршење на Законот за знамето на БиХ.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата