СЈО презентира материјални докази на судењето за „Тендери“
Денешото рочиште за предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“ почна со изведување материјални докази од страна на обвинителите од СЈО.
Обвинителот од СЈО, Стевчо Донев почна да ги презентира материјалните докази по барање на одбраната на обвинетите.
На презентацијата на материјалните докази примедба имаа адвокатите, бидејќи според нив, тоа се прави селективно.
Судијата Осман Шабани рече дека на одбраната и дозволил да бидат презентирани доказите, иако нема законска обврска тоа да го направи, но го сторил за доброто на обвинетите.
Тој ги предупреди дека доколку продолжат да реагираат ќе ја прекине расправата и ќе закаже ново рочиште со испрашување на сведоци.
Обвинителот Донев на адвокатите им порача таквата реакција да си ја чуваат за завршните зборови и дека тоа се негови докази и ќе презентира тоа што смета дека треба, а не како што сакаат адвокатите на обвинетите.
По рочиштето на кратко беше прекинато за да се консултира судечкиот совет, по што судијата Шабани рече дека донеле решение поради несогласување на странките за презентацијата на доказниот материјал, СЈО да продолжи со читање на материјалните докази без видео презентација.
Во случајот „Тендери“ обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки.
Според обвиниението дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.
Ново на Сител
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче
-
СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ закана за граѓаните
-
Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници
-
Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето, велат од Еуроњуз
-
Екипи и механизација на ЈП Македонијапат го расчистуваат снегот и ги одржуваат проодни патиштата
-
Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка