-->
-->
Сѐ си стигнува во свое и вистинско време…
-->
Ова е една од најголемите мудрости, која може значително да ни го олесни животот. Со прифаќање на фактот дека сѐ стигнува баш тогаш кога треба, луѓето стануваат поопуштени. А кога умот им е помирен, луѓето појасно можат да ги видат работите и појасно гледаат што треба да направат.Кога човек неподготвено прифаќа предизвик, на сила и предвреме, тогаш ќе заврши повреден. Но, кога работите не се форсираат, туку се фаќа ритам со животот и кога танцуваме по музиката на животот, ритамот ќе стане најприродна работа.
За да се остварат соништат, понекогаш е потребно да чекаме. Но, во поголемиот дел од случаевите потребно е да работиме на нашата внатрешна состојба, да нурнеме длабоко во својата потсвест и да откриеме која е кочницата која не ни дозволува да напредуваме во животот.
Со решавање на внатрешните блокади се приближуваме кон остварување на желбите. Понекогаш е потребно добро да размислиме и да сфатиме дека постојано ја правиме истата работа, а за чудо некако секогаш очекуваме поинаков резултат.
Секоја нова случка, секое ново искуство, одлука и промена, со себе носи нови лекции за кои треба да бидеме свесни уште од самиот почеток, затоа што во спротивно има реална опасност да ја промашиме суштината. Има луѓе кои не можат самите да ги воочат своите шаблони на однесување, туку ги забележуваат во текот на разговорите со другите луѓе, додека пак има луѓе кои самите ги истражуваат своите внатрешни состојби и блокади. На овие луѓе им е потребно време во тишина и ќе дојдат до сите одговори. И има една многу мала група на луѓе кои се на многу повисоко духовно ниво и самите успеваат во исклучително краток период да ги воочат шаблоните и да се ослободат од блокадите.
За миг застанете и помислете на тоа дека додека безглаво трчате по животот кој верувате дека сакате да го доживеете, а во тој процес паѓате, станувате, но како хипнотизирани продолжувате да трчате, вашиот живот останува без здив додека трча по вас, обидувајќи се да ве стигне. Вашиот живот секогаш оди паралелно со вас, не е ниту во минатото, ниту во иднината, само вие можете да го поместите тоа додека трчате по нешто што не е добро за вас.
Затоа треба да фатите ритам со себе, своето тело, ум, срце и душа. Така можете свесно да го живеете животот, без да се каете за ништо, затоа што го правите најдоброто што го можете.
А кога ќе стигнат работите што ги сакате? Не се грижете. Ќе знаете, бидете сигурни во тоа, затоа што во вас се наоѓа непрогрешен часовник кој ќе ви каже дека исполнувањето на вашите желби ќе се случи наскоро
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
-

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот
