Ситуацијата со вирусот на Западнонилска треска во Србија под контрола
Ситуацијата во Србија со вирусот Западнонилска треска е апсолутно под контрола, а во Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар на Србија е регистриран само еден заболен со таа инфекција, изјави денеска директорот на клиниката доктор Миомир Пелемиш.
Пелемиш на гостувањето во утринската програма на РТС истакна дека заболенот починал, но дека имал најтежок облик на инфекција.
Според него нема причина за грижа, ниту за паника, оосбено поради тоа што станува збор за умерена болест, каде 80 проценти од заразените лица немаат никакви симптоми.
- Ризик постои кај лицата со ослабен имунитет и кои се во подоцнежни години, особено лица што имаат тешки хронични болести, нагласи Пелемиш.
За вирусот на Западнонилска треска не постои лек и докторите се борат против симптомите што ги предизвикува вирусот, како што се зголемена температура, болки во мускулите, нарушено дишење и работа на бубрезите.
Ново на Сител
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје