„Ситигруп“: Грција ќе излезе од програмата за спас следното лето

Американската банка „Ситигруп“ смета дека се зголемуваат шансите на Грција да излезе од програмата за спас следното лето. поради „многу силниот дух на соработка меѓу нејзината Влада и институциите оваа година“.
Банката оценува оти разликата меѓу реакцијата на кредиторите минатата година, кога Владата во Атина додели социјална помош за Божик од буџетскиот суфицит и оваа од 2017 година е впечатлива.
„Ситигруп“ потсетува дека во 2016 година одлуката на Кабинетот на Ципрас ги изненадила кредитерите и предизвикала забавување на преговорите.
Во врска со поднесениот буџет за наредната година, „Ситигруп“ истакнува дека високата цел што е поставена во него за поголем примарен буџетски суфицит, како и надминувањето на целите за 2017 година ќе дадат поттик на преговорите за олеснување на грчкиот долг.
Ново на Сител
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
