Сите се подготвени за „Златни денови Кратово 2023“, Кратово ќе живее во духот на добрата забава со наша македонска музика

Фестивалот Златни денови Кратово 2023 е приказна која започнува во 2014-та и од тогаш до денес има една цел да ги сплоти, не само кратовчани, туку и сите љубители на убавата музика и одличната забава.
Токму затоа, како и претходните години, на 7ми и 8ми јули, сите патишта водат во градот на мостовите и кулите кој ќе заживее во ритамот на најубавите поп и народни песни.
Фестивалот започнува во петок, на 7-ми јули во 20 часот, со ѕвездена постава од реномирани уметници. Предводнци во првиот фестивалски ден ќе бидат дел од Мераклиите од Мерак Меана како Јордан Митев кој на фестивалската сцена ќе ја промовира својата нова песна и спотот за истата кој е снимен токму во Кратово…потоа едниствената Благица Павловска, Елена Андоновска, Горан и Ленче Кукиќ, Елена Јовческа, Душко Георгиевски, а сите придружувани од оркестарот на Мерак Меана, Скопски Боеми и Браќата Нуне.
Возбудата и забавата ќе продолжат следниот ден, во сабота, на 8-ми јули, кога фестивалот ќе добие посебен тект со постава на врвни уметници од македонската поп – рок сцена..Ламбе Алабакоски, Нокаут, Суперхикс, Некст Тајм и ДиЏеј Ерик Фокс се гаранција за незаборавна саботна фестивалска вечер.
Поради природата на овогодинешната програма се очекува Кратово да биде исполнето со еуфорија и среќа која никој нема да ја заборави.
Посебен шарм на целиот фестивал ќе даде Лила Филиповска.
Овој фестивал е одлична можност за секој да се запознае со историјата на прекрасното Кратово и да си ја исполни душата со прекрасна музика, кратовски гурмански специјалитети и одлична забава.
Во интерес на добрата забава и традицијата,кратовчани се подготвуваат во полна пареа и ве покануваат на забава за паметење.
Бидете дел од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2023.
Ново на Сител
-

Спасовски: Резултатот на СДСМ е дно
-

Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите
-

Ја намамил жртвата во својот автомобил, ја однел на локација, па со друго лице му пукале во глава - расветлено убиството во Чашка
-

Температурата утрово од 2 до 12 степени, најмногу дожд во Крушево
-

САД од денеска ги намалуваат домашните летови за четири отсто поради затворањето на Владата
-

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје
-

Премиерот Мицкоски на увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз
-

Хегсет: Три лица, означени како наркотерористи, загинаа во напад на американската армија во Карипско Море
