-->
-->
Сите НБА ѕвезди сакаат во Рио!
-->
Американската кошаркарска федерација го објави првиот список на играчи кои конкурираат за настап на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. На прелиминарниот список се наоѓаат 30 имиња, односно се она што во моментов е најдобро во НБА лигата.
Меѓу кандидатите се наоѓаат и Леброн Џејмс, односно Кармело Ентони, кои имаат освоено по две злата на олимпијадите.
Како што беше соопштено, дополнително ќе биде објавен списокот на 12 кошаркари кои ќе настапат на ОИ.
Прелиминарниот список на САД за ОИ:
Ламаркус Олдриџ, Кармело Ентони, Херисон Барнс, Бредли Бил, Џими Батлер, Мајк Конли, Демаркус Казинс, Стеф Кари, Енрони Дејвис, Демар Дерозан, Андре Драмонд, Кевин Дурент, Кевин Фарид, Пол Џорџ, Дрејмонд Грин, Блејк Грифин, Џејмс Харден, Гордон Хејвурд, Двајт Хауард, Андре Игудала, Леброн Џејмс, Деандре Џордан, Кави Ленард, Крис Пол, Клеј Томпсон, Џон Вол, Расел Вестбрук.
Репрезентацијата на САД ќе ја предводи Мајк Кжижевски, а помошници ќе му бидат Тим Тибодо, Џим Бохајм и Монти Вилијамс.
САД, низ историјата имаат освоено 14 златни медали на ОИ, а од 1992 година наваму само во 2004 не стигнаа до златото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила