Сите македонци кои сакаат да влезат во Црна Гора ќе мора да одат во карантин 14 дена
Институтот за јавно здравје на Црна Гора го ажурираше списокот на земји со активна стапка на случаи на ковид-19 на помалку од 25 заразени на 100. 000 жители, што значи влез во Црна Гора без карантин.
Поради зголемената стапка, Македонија веќе не е на листата на земји чии граѓани може да патуваат во оваа земја. Листата на земји од каде е безбедно да пристигнуваат туристи се меува на дневно ниво, и Македонија во четвртокот вечерта беше ставена на оваа листа, но по зголемениот број на случаи во изминативе два дена, нашата држава веќе не ги исполнува критериумите и е вратена во делот на земји од каде не е безбедно да се примаат туристи.
На списокот веќе не се наоѓаат Македонија и Ирска, во кои, по потврдени случаи денес, стапката се зголеми, објави на „Фејсбук“ Владата на Црна Гора.
Тоа ќе значи дека секој македонски државјанин кој ќе сака да влезе во Црна Гора, ќе оди во задолжителна 14-дневна изолација. До вчера не беше тоа случај.
Претходно и Хрватска не дозволи влез за наши државјани, а истото го најавуваат и некои други земји кои ќе прават црни листи на земји.
Во Црна Гора во моментов нема активен случај на Ковид-19.
Ново на Сител
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица