Сите информации и препораки за коронавирусот

Сите информации за коронавирусот, прес-конференции, одлуки од седница на влада, прашања и одговори, како и листата на земји со ниско, средно и високо ниво на ризик од коронавирус можат да се следат на веб страницата http://zdravstvo.gov.mk/
Министерот за здравство Венко Филипче на својата Фејсбук станица објави дека страницата се ажурира, но можни се повремени отстапувања.
Според последните објавени информации за состојбата со кронавирусот во земјава, шест пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се стабилни, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа вчера по втор пат беше тестирана по дијагностицирањето на вирусот и повторно е негативна на коронавирус.
Од денеска во сила се дополнителни засилени мерки против ширење на коронавирусот. Превентивно, во наредните 14 дена затворени се градинките, училиштата, факултетите, студентските домови, забранети се масовни јавни настани, организирани патувања во високоризичните држави
Ново на Сител
-

Уставниот суд почнува нова ера на транспарентност: Од 4 март седниците во живо пред граѓаните
-

МНРиНТ и амбасадите во Доха и Абу Даби апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош
-

Бројни авиокомпании откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток
-

Иран нападна четири американски воени бази на Блискиот Исток
-

Алиу: Министерството за здравство нема да дозволи ниту еден пациент со ретка болест да чека ниту ден за лекови
-

Интернет услугите во Иран речиси целосно прекинати
-

Пентагон ја нарече операцијата во Иран „Епски гнев“
-

На албанско-грчката граница спречен шверц на 350 килограми марихуана
