Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете, советничка од Кочани си поднесе оставка

Советничката Кристина Атанасова – Арсова си поднесе оставка од функцијата на денешната седница на Советот на Општина Кочани, во која требаше да се избере нов в.д. градоначалник на местото на Љупчо Папазов.
„Барам прошка, и им се извинувам на граѓаните кои дадоа глас за мене, не успеав да реализирам могу работи затоа што не беа приоритет за градоначалникот и раководството залетани од новите функции, се грижеа само за своите функции. Во оваа прилика сакам да ја доставам мојата оставка за советник до претседателот на Советот. Ова е страшно и недостојно, понижувачки за мене и за сите кои ме гласале. Во иднина ќе се посветам на моето дете кое е повредено и на сите повредени деца. Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете“, истакна советничката
.
Ново на Сител
-

Кратењето на буџетот за ретки болести шок за пациентите
-

Нов кум и здравичар за Бадник
-

Објавен тендерот за градење на Регионален центар за управување со отпад во Свети Николе, планирани се вкупно пет
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
