Сиромаштијата ја сече шумата во Струмичко

И покрај тоа што за 20 проценти е намалена бесправната сеча на шумата во Струмичко, сепак остануваат десетина села како најзагрозени подрачја во Струмичко, информираат од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица.
Според Никола Ристов, шеф по заштита на шумите при ова јавно претпријатие, на удар на дрвокрадците најмногу се појасите околу селата Баница, Рич, Попчево, Банско, Штука, Иловица, Старо Балдовци, Висока Маала и Градашорци.
Смета дека основна причина за бесправната сеча на шумата и крадење огревно дрво е сиромаштијата.
– Шумата секогаш прва ги почувствува лошите социјални и економски услови во кои живеат граѓаните. Одреден број од нив спас бараат во бесправната сеча.Последните десет години шумата како да е нападната од најопасните штетници и инсекти и затоа е многу оштетена и е пред пропаѓање, односно се наоѓа во високо каламитетна состојба, оцени Ристов.
Информира дека се преземени многу мерки за заштита на шумите, и тоа како од страна на ЈП „Македонски шуми“, така и од страна на Шумската полиција, но и од страна на МВР.
– Вработените во нашето јавно претпријатие заедно со раководството прават напори за намалување на бесправната сеча. Тоа ние го правиме преку снабдување на населението со огревно дрво, односно секој што побара да купи огревно дрво го снабдуваме до почетокот на грејната сезона. Покрај тоа, сите граѓани кои побарале влез во шумата за легално снадбување со огревно дрво им е одобрено од наша страна, вели Никола Ристов, шеф по заштита на шуми во ШС „Беласица“ од Струмица.
Тој додава дека стопирањето на бесправната сеча е можно само со преземање мерки од страна на државата и поголем ангажман на институциите со подготвување на детална социјална и економска анализа на граѓаните кои се јавуваат како дрвокрадци, но и создавање услови за нивно вработување и подобрување нивната економска состојба.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
