Свет
6. November 2015 - 20:41

Сириско семејство транспортирано во Прага заради лечење пребега во Германија

Едно од трите семејства, кои на почетокот на октомври доби азил во Чешка за да може да го лечи своето дете во Универзитетската болница во Мотол во Прага, пребегало во Германија, јави дописникот на МИА од Прага.

Како што соопшти директорот на болницата Мирослав Лудвик, тоа го направиле поради страв од негативниот став на Чесите кон бегалците.

- Се чини дека ние им помогнавме да стигнат до Европа, а тие одлучија да одат во Германија. Ние не можеме да ги убедуваме дека сакаме да им помогнеме по секоја цена, рече чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец.

Пред неколку недели, три болни деца заедно со своите семејства беа префрлени од камп за бегалци во Јордан до Чешка.

Во земјата, од бегалски кампови треба да пристинат уште 21 Сиријци од кои половината деца.