Свет
26. January 2016 - 8:31

Сириските сили презедоа стратешки важен град во провинцијата Дара

Сириските владини сили презедоа контрола врз стратешки важниот град Шеик Маскин во јужната провинција Дара, по жестоко борби со бунтовничките групи што досега го контролираа градот.

Како што соопшти синоќа Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, иако сириската армија речиси целосно го контролира градот, сепак и натаму се слушаат спорадични престрелки од западните предградија на Шеик Маскин, кој претставува стретешки важната крстосница на патиштата од јужните провинции Суејда и Кунејтра кон Дамаск и од источниот кон западниот дел на Дара

- Градот е стратешки важен и за двете страни, кои водат жестоки борби. Со преземањето на градот, режимот ги прекинува врските меѓу бунтовниците од западна и од источна Дара, изјави директорот на Центарот. Рами Абделрахман.

Според него, за време на жестокоте борби, во Шеик Маскин се предизвикани сериозни разурнувања. 

Воените стратези проценуваат дека со освојувањето на Шеик Маскин, сириските власти си обезбедуваат канали за доставување на помош и опрема до јужните провинции и воедно може да продолжат со перземње на териториите во Дара што сега се под контрола на бунтовниците, кои во исто време на исток и север водат борби и против припадниците на џихадистичката група Исламска држава.