Сириските бунтовници го отфрлија мировниот план на ОН

Сириските бунтовнички групи, кои ја имаат поддршката на Западот, синоќа едногаслно го отфрилија планот на ОН за ставање крај на граѓанската војна во Сирија.
Ваквиот став на сириските бунтовници уследи само еден ден откако властите во Дамска изразија подготвеноста да се вклучат во четирите преговарачки работни група за решавање на кризата во земјата, чие формирање го предложи претставникот на ОН за Сирија, Стефан де Мистура. Тој предложи формирање на четири работни групи, предводени од претставници на ОН, кои би требало да работат на утвдрување на план за мир во Сирија.
Бунтовничката Национална коалиција на сириските револуционерни сили и групата Сили на опозицијата, синоќа по заедничката средба во Истанбул, објавија изјава во која се истакнува дека предлогот на ОН за формирање на „експертски групи со нејсани механизми, остава одлична можност за зацврстување на режимот“ во Сирија.
Според нив, предложениот план не ги зема предвид поголемиот број од резолуциите на ОН, вклучително и оние за предавање на хемиското оружје од страна на сириските власти и за обезбедување на сигурна достава на хуманитарна помош до лицата во конфликтните зони.
Во изјавата се наведува и дека бунтовниицте сметаат оти за сирискиот претседател „Башар ел Асад и други истакнати личности на неговиот режим нема место во иднината на Сирија или во евентуална преодна влада“.
Шефот на сириската дипломатија Валид Муалем во петокот во Њујорк изјави дека Владата во Дамаск е подготвена да учествува на прелиминарните преговори за мир во Сирија, што ги иницираа ОН, додавајќи дека ги сметаат за „необврзувачки“ и на нив во основа гледаат како на можност „за размена на идеи“.
Ново на Сител
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
