Сириски бунтовници презедоа контрола врз граничен премин меѓу Сирија и Ирак

Бејрут, 5 март 2016 (МИА) - Група сириски бунтовници синоќа презедоа контрола врз граничен премин меѓу Сирија и Ирак, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човекови права, со седиште во Лондон.
Бунтовниците влегле на сириска територија преку Јордан, каде биле обучувани. Потоа заминале кон преминот Танаф, чиј ирачки дел е контролиран од борци на Исламска држава.
Во мај минатата година ИД го презеде Танаф заедно со Палмира. Во тој период Танаф беше последниот граничен премин меѓу Сирија и Ирак, кој беше контролиран од силите на режимот во Дамаск. По офанзивните бомбардирања на меѓународната коалиција врз позиции на ИД, изламистите се повлекоа од сирискиот дел на Танаф и на тој начин им овозможија полесен напредок на бунтовниците.
На останатиот дел од сириско-ирачката граница ИД се уште го контролира централниот и стратешки граничен премин Абу Камал, а курдските сили преминот Јарабија.
Ново на Сител
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
-

Во општина Могила пронајдени неексплодирани гранати
-

72-годишен маж од Зелениково починал откако бил прегазен од сопствениот мотокултиватор
-

Работник на ЕВН починал додека извршувал работни задачи во Кривопаланечко
-

Министерство за транспорт: За изградба на Дата центар потребно е да се исполнуваат сите технички услови кои се строго пропишани во законите
-

Реконструираната Општа болница во Струмица треба да биде пуштена во употреба од почетокот на септември
