Сириската опозиција бара времен прекин на воздушните напади врз ИД
Сириската опозиција денеска повика на привремен прекин на нападите врз позициите на групата Исламска држава (ИД) во Сирија, што ги изведуваат авионите на меѓународна антиџихадистичка коалиција, предводена од САД.
Повикот, како што пренесуваат британските медиуми, беше упатен од лидерот на Сириската национална опозициска коалиција, Анас ал Абде, по информациите за десетиците убиени цивили во воздушните напади во Манбиџ и неговиот регион.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека најмалку 56 цивили се убиени во вторникот во воздушни напади што веројатно се изведени од авиони на меѓународната коалиција.
Еден ден претходно, пак, 21 цивил беа убиени во воздушни напади во северниот реон на Манбиџ, кој се наоѓа под опсада на Исламска држава. Тие напади, исто така, можно е да биле изведени од авиони на коалицијата.
Американскиот министер за одбрана Ештон Картер вчера изјави дека мултинационалните сили, предводени од САД, ќе ги проверат информациите за цивилни жртви од воздушните напади околу Манбиџ.
Според Анас ал Абде, нападите треба привремено да бидат запрени, се додека се води истрагата за нив. Тој додаде дека убиството на цивили во воздушните напади на коалицијата може да биде искористено од терористичките организации како мотив за врбување нови членови.
Сириските активисти во неделата на Фејсбук повикаа на организирање протести низ цел свет против убиствата на цивили во Манбиџ.
- Ги повикуваме сите Сиријци, независно од нивните политички погледи и религија, ги повикуваме сите слободни луѓе низ цел свет, да ја изразат својата солидарност со нашиот опустошен град Манбиџ, гласи повикот што беше објавен како одговор на „масовното убивање цивили од авионите на коалицијата“.
Ново на Сител
-
Израел категорично го отфрла извештајот на агенцијата поддржана од ОН, кој потврдува масовен глад во дел од Газа
-
Кац: Градот Газа може да биде уништен и портите на пеколот ќе се отворат над Хамас
-
80-годишник дошол на преглед во болница, му се слошило и починал
-
Повредени две девојчиња на тротинет откако автомобил удрил во нив, сторителот избегал од местото на настанот
-
Две малолетнички починале откако со четирицикл излетле од патот во кичевски
-
ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени
-
Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија
-
79-годишна тетовчанка измамена за 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци