Сириската армија ја презеде контролата врз изворот на вода на Дамаск

Сириските владини сили изутринава навлегоа во населеното место Ајн ал Фиџа, во близина на Дамаск и воспоставија контрола врз изворот на вода, од кој се доставува најголемиот дел од водата за пиење за главниот град на Сирија, соопшти воена медицинска екипа на либанската групација Хезболах, јави БТА.
- Сириската армија навлезе во регионот на долината Вади Барада, откако постигна спогодба со бунтовниците, кои неколку недели се обидоа со сила да ја задржат контролата, изјавија претставници на медицинскиот тим.
Спогодбата предвидува и повлекување на бунтовниците од регионот.
Доставувањето вода за пиење за Дамаск беше ограничено по саботажата, извршена од бунтовниците на 24 декември. Според сириските власти експлозијата во Ајн ал Фиџа, кој се наоѓа на 15 километри од Дамаск била дело на ектремистичката групација „Џебат Фатх ал Шам“.
Во Ајн ал Фиџа веднаш се испратени екипи, кои треба да го обноват снабдување со вода на Дамаск.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
