Сирија бара итно повлекување на турските трупи од Идлиб
Сирија денеска побара итно и безусловно повлекување на турската армија од сириската провинција Идлиб, јавија сириските државни медиуми повикувајќи се на неименуван извор од Министерството за надворешни работи.
Турски трупи навлегоа во провинцијата Идлиб во четвртокот вечерта со цел да помогнат во воспоставување на така наречена зона за деескалација, која е договорена помеѓу Турција и сојузниците на Дамаск - Русија и Иран на средбата во Астана.
Неименуваниот извор од сириското Министерство за надворешни работи истакна дека влегувањето на турската армија во Идлиб е „агресија“ и оти тоа не е поврзани со тоа што е договорено во Астана.
Турската армија на 12 октомври почна да поставува набљудувачки пунктови во сириската северозападна област Идлиб, каде Турција најави дека ќе го спроведе планот за создавање на безбедна зона.
Турската армија соработува со сириските бунтовнички сили кои го држат под контрола регионот на Идлиб.
На мировните преговори во Казахстан во мај, Турција, Иран и Русија договорија да се формираат четири т.н. зони на деескалација во Сирија, со цел да се стави крај на шест и пол годишната граѓанска војна.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР