Сирени за тревога во Израел, погодени повеќе од 200 цели во Газа, населението се евакуира

Во текот на изминатиот ден, израелската армија погоди повеќе од 200 цели во крајбрежниот дел на градот Газа, кој го означи како „гнездо на терористите“ на палестинската милитантна група Хамас. Армијата објави дека ги уништила целите отстранети во населбата Ал-Фуркан, именувана по џамијата во тој дел од градот, кој беше цел на воздушен напад по трет пат во текот на ноќта, пишува „The Times of Israel“.
Сирените за тревога се огласија во јужен Израел, во близина на границата со Појасот Газа. Многу заедници во близина на границата веќе се евакуирани од страна на израелските одбранбени сили (ИДФ).
Според израелската армија, нападите врз Израел биле извршени од тој дел на градот.
Армијата наведува дека досега се погодени вкупно околу 450 цели, а во нападите учествувале десетици борбени авиони.
Претходно армијата соопшти дека авионите погодиле повеќе од 70 цели на Хамас во населбата Ат-Туфа во североисточниот дел на градот Газа.
Израелската армија соопшти дека ја гранатирала куќата на портпаролот на военото крило на Хамас, Абу Обеид, во Појасот Газа.
„Портпаролот на Хамас Абу Обеид работи на насочување на тероризмот против државата Израел“, напиша Авичај Адрае, портпаролот на израелската војска на арапски јазик, на платформата X (Твитер). Се додава дека армијата продолжува да изведува напади во Газа.
Убиството на високи членови на палестинската милитантна група Хамас е главен приоритет за израелската војска, изјави воениот портпарол Даниел Хагари.
„Нема да застанеме во нашите напори да ги елиминираме високите функционери на Хамас, тоа е наш врвен приоритет“, рече Хагари, откако двајца високи членови на Хамас беа убиени во израелски воздушни напади, додавајќи дека израелските трупи сè уште трагаат по терористи во јужен Израел пишува „The Times of Israel“.
Тој истакна дека во тие претреси во различни израелски градови на југот на земјата биле убиени девет терористи.
„Директивата до силите е јасна – пронајдете ги терористите и уништете ги“, рече тој.
Ново на Сител
-

Собранието обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“
-

Пожар во близина на црквата „Свети Спас“ во Стара Чаршија
-

Русија го блокира „Снепчет“
-

Меланија Трамп: Уште седум украински деца вратени од Русија
-

После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди
-

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов
-

Германија вети уште 100 милиони евра помош за украинскиот енергетски сектор
-

Намалена видливост поради магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
