Сирени вечерва во Тел Авив, „Исламски џихад“ не сака примирје и се заканува
Непорседно пред почетокот на најавеното примирје меѓу Израел и палестински „Исламски џихад“, вечерва се огласија сирените во неколку израелски градови, меѓу кои и Тел Авив, додека весникот „Џерусалем пост“ пренесува, повикувајќи се на палестински медиуми, дека петмина Палестинци загинале во израелски напад врз автомобил во Газа.
„Исламски џихад“ вечерва соопшти дека најавениот прекин на огнот и примирјето нема да се спроведат доколку Израел не ги исполни барањата на оваа милитантна организација.
Израелскиот премиер Јаир Лапид, од друга страна, попладнево изјави дека нивната операција „Зора“ против палестинската терористичка група во Појасот Газа ги постигна своите цели и нема смисла да продолжува.
-Целите се постигнати. Нема смисла операцијата да се продолжува, рече Лапид на состанокот со претседателите на општините во јужниот дел на Израел, пренесе Канал 13 на израелската телевизија.
Канцеларијата на Лапид додаде дека премиерот и министерот за одбрана Бени Ганц го посетиле Командниот центар на израелските одбранбени сили на југот на земјата.
Примирјето требаше да стапи во сила вечерва, во 19 часот, но според израелските медиуми, сирени за воздушен напад, освен во Тел Авив, се слушаат и во Ашкелон, Сдерот, Зиким, Холит и во некои други градови, откако на некои места паднаа ракети, истрелани од Појасот Газа.
Израелската армија соопшти дека од почетокот на операцијата „Зора“ во петокот, палестински „Исламски џихад“ истрелал приближно 1.000 ракети, од кои 160 паднале на територијата на Газа, додека од проектилите кои навлегле на територијата на Израел, 96 отсто биле соборени од противоздушниот систем „Железна купола“.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп