СИПРИ: Постои загрижувачка тенденција на распоредување нуклеарни боеви глави во светот
Бројот на нуклеарни боеви глави ширум светот продолжува да опаѓа. Сепак, постои загрижувачки тренд на зголемување на распоредувањето на нуклеарни боеви глави на глобално ниво, соопшти Меѓународниот институт за истражување на мирот со седиште во Стокхолм (СИПРИ).
Авторитативниот институт го објави својот годишен извештај за состојбата со нуклеарното оружје во светот. Во него се забележува пресврт на претходно забележаниот тренд на опаѓање на распоредените нуклеарни боеви глави и истовремено – голем број земји спроведуваат големи и скапи програми за модернизирање на нивните нуклеарни арсенали.
Според СИПРИ, на Земјата имало 13.080 нуклеарни боеви глави на почетокот на оваа година – 320 помалку од пред 12 месеци и помалку од една петтина од вкупниот број во средината на 1980-те, кога напнатоста за време на Студената војна достигнала врв.
САД и Русија поседуваат повеќе од 90 проценти од тоа оружје. Останатите се распределени меѓу другите седум нуклеарни сили – Кина, Франција, Велика Британија, Пакистан, Индија, Израел и Северна Кореја.
Сепак, бројот на нуклеарни боеви глави подготвени за распоредување се зголеми во последната година од 3.720 на 3.825.
Русија во моментов има вкупно 6.255 нуклеарни боеви глави – 120 помалку од пред една година. САД имаат 5.500 – намалување за 250, според СИПРИ.
Ново на Сител
-

Рис качен на дрво снимен во шума во кичевско | ВИДЕО
-

Зголемен број заболени од грип во споредба со минатата сезона, пад во однос на претходната недела
-

Здружение на пензионери во Центар: Се надеваме дека одличната соработка со Герасимовски ќе продолжи
-

Утрово минусни температури во Берово и Струмица
-

Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура
-

Најмалку 25 лица загинаа во поплавите предизвикани од ураганот Мелиса на Карибите
-

Трамп: Постигнат е договор со Кина за извоз на ретки метали
-

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз
