Сипиле: Кризата со бегалците предизвика нетрпеливост во ЕУ

Кризата, предизвикана од приливот на бегалци во Европа, предизвика нетрпение на континентот, изјави финскиот премиер Јоха Сипиле во денеска објавеното интервју за весникот „Калева“.
- Во моментов ситуацијата е неподнослива, бидејќи Шенген системот не работи. На надворешните граници не се извршуваат проверките, предвидени со договорот, реле Сипиле.
Финскиот премиер додаде дека е потребно да профункционираат центрите за распределување по надворешните граници и оттаму преку доброволен систем за прием на бегалци, тие да се испраќаат понатаму.
Тој во друго интервју вчера за телевизијата Јоле изјави дека во пракса се покажало дека системот за доброволно распределување не работи, бидејќи сите земји во Европската унија не се согласни да учествуваат во тој процес.
Сипиле нагласи дека Финска речиси го достигнала максимумот на можностите за прием на бегалци.
Ново на Сител
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
-

Американец ја тужи АИ: Чет-ГПТ и помагал на мојата сопруга да испланира како да ме убие
