-->
-->
Синот на Цеца повреден во сообраќајка
-->

Синот на Цеца Ражњатовиќ, Вељко синоќа доживеал сообраќајна несреќа во Република Српска, во кој се здобил со сршеница на раката.
Несреќата се случила кога автомобил од спротивниот правец директно удрил во автомобилот кој го управувал пријател на Вељко, пишува српски Блиц.
- Сообраќајната несреќа се случила кај местото Шамац кога Вељко и неговиот другар, кој возел, се обиделе да го избегнат несовесниот возач од спротивниот правец. Човекот кој возел пред нив нагло закочил и без трепкач свртел десно. За да избегнат удар, другарот на Вељко свртел лево и налетал на автомобилот кој доаѓал од спротивната насока, вели извор на Блиц кој се нашол на лице место.
Како што пишува весникот, Вељко и неговиот другар имаат потешки повреди, но се наоѓаат надвор од животна опасност. Веднаш била повикана Итна помош и двете момчиња се примени во болница каде им се направени сите потребни снимања и испитувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава