Синодот на МПЦ-ОА заседава, дојде и премиерот Ковачевски
Во тек е седница на Синодот на МПЦ ОА, на која се разговара за деталите од преговорите со СПЦ, по средбата која ја одржаа минатата недела во Ниш. Владиците ќе разговараат и за последната одлука на Вселенската Патријаршија дека ја признава нашата древна и возобновена Охридска Архиепископија за канонска.
Во меѓувреме премиерот Димитар Ковачевски дојде на кратка координативна средба со Поглаварот на МПЦ ОА г.г Стефан, но по средбата не сакаше да открие за што разговарале.
Пред почетокот на седницата, владиците не сакаа многу зборуваат. На прашањето како ја коментираат одлуката на Вселенската патријаршија и што може да се очекува, Владиката Наум Струмички за Сител одговори со еден збор „Супер” додека пак Владиката Петар Преспанско - Пелагониски рече дека не сака да коментира ништо.
Деталите од Седницата на Синодот во вестите во 16ч.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите