-->
-->
Синиша пронашол и вратил 40.000 евра, а еве како му се заблагодарил сопственикот
-->
Синиша Дабиќ, вработен во белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пронашол изгубени 40.000 евра и ги вратил на сопственикот.
Тој црната торба ја нашол на паркингот, ја отворил и внатре имало лаптоп компјутер и полн паричник. Чесниот пронаоѓач за своето дело не сакал никаква награда.
- Го запознав човекот, дојде по половина час и целиот беше среќен. Со години работел во Норвешка, дошол со парите и ги загубил. Кога ги изброи парите и се увери дека се е на место, ми даде 50 евра. Јас не сакав да ги земам, тој инсистираше, па тогаш ги зедов и ги почестив колегите, изјави Дабиќ.
Неговите колеги пак, велат дека тој е примерен работник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница