Синиот автобус на „Еураксес“ во Скопје

Студентите и истражувачите кои се наоѓаат на почетокот на својата кариера денеска ќе имаат можност да го посетат синиот автобус на „Еураскес“, кој ќе пристигне на паркингот пред Факултетот за информатички науки и компјутерски технологии -ФИНКИ.
Посетителите во текот на денот ќе дознаат како да најдат работно место во другите држави и како да имаат пристап до фондови за финансирање.
Синиот автобус на „Еураксес“ е на турнеја низ Европа, а освен во Скопје ќе посети и други 33 градови во 16 европски држави.
„Еураксес“ – Истражувачи во движење е иницијатива поддржана од Европската истражувачка заедница, која им помага на европските и странските истражувачи да добијат информации и поддршка со цел да се стекнат со интернационална истражувачка кариера во Европа. „Еураксес“ нуди комплетен опсег на услуги потребни на еден истражувач да се стекне со меѓународна истражувачка кариера, од понуди за работа, па се до совети за преселба од една држава во друга.
Проектот „Еураксес“ во Македонија се одвива во рамки на Македонската академија на науките и уметностите.
Во амфитеатарот на ФИНКИ денеска ќе има интерактивни сесии со истражувачи, финансиери и работодавци кои ќе нудат совети за тоа како подобро да се развие истражувачката кариера.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
-

Лажни возачки за камиони и автобуси – внатрешната контрола на МВР истражува
-

Годишните извештаи на Совет на ЈО и Републичкото обвинителство за 2025 пред пратениците
-

Владата преговара со 5 до 6 потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри
-

Дурмиши: Цените во маркетите засега се стабилни, инспекциите продолжуваат
-

Потпишан договорот за гасоводот Македонија-Србија, инвестицијата вреди 29,4 милиони евра
