Сингапурци ќе платат по 45.000 долари затоа што издавале станови на Airbnb
Суд во Сингапур им изрече казна од по 45.000 долари на две лица кои издавале четири стана под наем преку интернет страницата Airbnb.
Ова е првиот случај на судски спор против лица кои ја користат оваа интернет страница, во спротивност на законите за краткорочно издавање недвижности. Градот - држава кој обично се гордее со едноставните услови за водење бизнис, минатата година донесе закон со кој го забранува издавањето станови без согласност од државната институција УРА. Судијата Кенет Чу изјави дека казните треба да послужат како пример за другите Сингапурци кои го користат Airbnb.
Според законот, сопствениците на приватни домови можат да ги издаваат најмалку за три месеци. Но, повеќето станови во Сингапур се во јавна сопственост, и според законот, лицата кои ги корисат овие станови може да ги издаваат на други ица, но најмалку за шест месеци. Двајцата осудени Сингапурци ги нуделе становите на наем за периоди покуси од шест месеци.
Ново на Сител
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина