Синдикатот на УПОЗ со поддршка на ранетата службеничка и на вработените во ЦСР-Прилеп, најавеното обезбедување што побрзо да се реализира
Дојдовме да ѝ искажеме поддршка на колешката Маријана врз која во понеделникот се пукаше и имаше обид за убиство. Поддршката ја искажуваме и за сите колеги, вработени во прилепскиот Центар за социјални работи, истакна раководството на синдикатот на УПОЗ при денешната посета на вработените во Центарот во Прилеп.
Според Трпе Деаноски, претседател на синдикатот на УПОЗ, она со што се соочуваат вработените во Центарот е страшно и ќе имаат тешки последици по психичкото, менталното здравје. Синдикатот ќе им пружи најголема поддршка за да ги заштити нивните права и нивното здравје.
- За нашата колешка се обезбедени и финансиски средства за надминување на состојбата и за побрзо лекување. Ова е прв ваков настан во историјата на Република Македонија да се случи вработен во институција во јавниот сектор да има обид за убиство. Мора да биде прв и последен случај. Здравјето и безбедноста на работниците мора да бидат над и пред сѐ. Овие колеги извршуваат многу специфична работна задача, со најмаргинализираните групи во општеството. И не е првпат да бидат вербално и физички нападнати, но првпат на ваков стравотен начин, изјави Деаноски.
Синдикатот на УПОЗ очекува што побрзо да се реализира најавата на Министерството за социјална политика, демографија и млади дека ја започна постапката за физичко обезбедување на сите центри и јавни установи за социјална заштита на ниво на држава. Оваа постапка е во завршна фаза, што значи дека наскоро ќе биде објавен и јавниот оглас за јавна набавка.
- Мора министерството за социјална политика, демографија и млади да ја сфати работатата посериозно. Она што го истакнаа во соопштението за јавност најбрзо што може да го спроведат. И не само физичко осигурување на влезот на ЦСР, туку и кога вработените се на терен, рече Дејаноски.
Зоран Малкоски, директор на прилепскиот Центар за социјални работи се надева дека наскоро ќе се ефектуира обезбедувањето.
- Благодарност за поддршката од Министерството и за соопштението. Се надевам дека во најбрз можен рок ќе се реализира тоа што беше изнесено во соопштението за физичко обезбедување во центрите. И не само во нив, туку и во сите институции од областа на социјалната заштита. Инаку, овие денови, повеќето од вработените се на примање терапија во болницата, дел се на боледување и, иако работиме со намален капацитет, не ги занемаруваме обврските, па исплатите за социјална помош за граѓаните ќе стигнат навреме, рече Малкоски.
Ранетата социјална работничка закрепнува во прилепската болница, а вработените деновиве добивааат медицинска и психолошка помош. Сторителот кој во понеделникот пукаше во просториите и ја рани службеничката е во притвор и побарано е да одговара за обид за убиствои за недозволено носење оружје.
Ново на Сител
-
По две недели, трагедијата во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната