Бизнис
14. July 2016 - 19:50

Синдикатот на работниците од трговијата бара КХВ да провери кој стои зад преземањето на Макпетрол

Синдикатот на работниците од трговијата упати барање до Комисијата за хартии од вредност да провери кое лице стои зад преземањето на Макпетрол.
 
Очигледно е дека компанија со 1.000 евра капитал не може да обезбеди сопствени средства за да го изврши преземањето, односно чиј е капиталот кој служи за преземањето, а потоа да се провери дали тој што стои зад преземањето е угледен и искусен стопанственик во нафтениот бизнис, кој  нуди гаранции дека нема да бидат загрозени работничките права на над 2000 вработени во Макпетрол и другите компании на Макпеотрол, се вели во барањето.
 
Синдикатот изразува надеж дека КХВ ќе донесе одлука со која ќе бидат заштитени работничките права.