Синдикатот на Клинички центар го повика министерот Филипче веднаш да ја организира ветената средба со премиерот
Оваа наша постапка е насочена исклучиво и единствено против одлуката на градските власти, истакна Горан Беговиќ претседател на Синдикатот на Клинички центар на денешниот штрајк против одлуката за покачување на цената на паркингот во Клиничкиот центар.
Тој наведе дека синдикатот ги повикува градските власти под итно да ја поништат одлуката.
- Не прифаќаме комуникација преку медиуми, туку преку дијалог.Сакаме веднаш со одлука и договор да ни се даде, истакна Беговиќ.
Тој нагласи дека одлуката ја сфаќаат како почеток на трошење на „тенкиот колач“, наречен планирано покачување од пет до 10 отсто на вработените во здравството во 2019 година.
- Го повикуваме министерот за здравство поради актуелната состојба веднаш да ја организира ветената средба со премиерот. Господо од власта ветивте двојно зголемување на платите на здравствените работници, а на докторите специјалисти дека ќе ги покачите најмалку до 100.000 денари. Свикавте прес-конференција за медиуми за покачување пет посто без наше знаење и учество, потенцираше Беговиќ.
Наведе дека со таа постапка крајно ги понижиле. Рековме дека не се согласуваме и ги истакнавме нашите барања.
Целата јавност во Македонија разбра дека докторите ги покачиле платите за десет посто, а медицинските сестри и другите вработени во здравството за 2019 година ќе ги покачат платите за пет посто. Во меѓувреме некои ги покачија своите плати за 35 посто без никаква прес-конференција, нагласи претседателот на Синдикатот на здравствени работници.
Тој ги замоли властите да не ги повторуваат дежурствата, да најдат доктори и веднаш да организираат сменска работа.
-Претстанете да ги плашите вработените за здравството со проекти со ЈПП, престанете да ја заплашувате нашата администрација со реформи. Само со активно учество на синдикатот прифаќаме реформи во нашата администрација, заклучи Беговиќ.
Ново на Сител
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
-
Мигранти повторно нападнаа полски војници на границата со Белорусија
-
Над 1.000 идни студенти пријавени во првиот уписен рок на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“
-
До петок сончево и топло