Македонија
8. February 2022 - 16:47

Син го убил татко му во Бутел

Син со нож го убил татко му во нивниот дом.

- На 08.02.2022 во 11.34 часот од полициски службеници од СВР Скопје лишен е од слобода Б.Ј.(52) од Скопје, кој во својот дом на подрачјето на Бутел со нож му нанел убодна рана на својот татко В.Ј.(75). Тој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ каде што од страна на лекар е констатирана е смрт, велат од МВР.

По документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.