Симпозиум за балканското аудиовизуелно наследство во Венеција
На иницијатива на Културната фондација „Чини“ од Италија, од 22-ри до 24 март во Венеција се одржува академски симпозиум на тема „Балканското аудиовизуелно наследство во европската цивилизација“.
Домаќин на симпозиумот е венецискиот универзитет „Ка Фоскари“, а поканети се претставници од Уметничката академија од Ротердам и Универзитетот од Дурем, Англија. Високообразовните институции од Македонија и од Југоисточна Европа ги претставува ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш, во својство на на генерален секретар на Academia Balkanica Europeana.
- Темата на симпозиумот е фокусирана на етномузикологијата како израз на идентитетот во документарните филмови од балканските земји. Легендарниот турски композитир Кудси Ергунер, кој живее во Париз, ја раководи работилницата во која ќе настапат повеќе вокални солисти и индивидуални исполнители на традиционални инструменти на свечениот концерт кој утревечер од 20 часот ќе се одржи во култната сала на Фондацијата „Чини“, каде ќе бидат изведени песни од турската, македонската, албанската и грчката музичка ризница, соопшти Универзитетот ЕФТА.
Фондацијата „Чини“ објави и конкурс за мастер-клас кој ќе се одржи во јуни 2018 во Венеција, како и за изработка на документарен филм поврзан со етномузиколошките традиции на Балканот кој е отворен за сите студенти и постдипломци од македонските универзитети.
Ново на Сител
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик
-
Три лица се повредени при напад со остар предмет во кочанско
-
15-годишник со мотор удрил во малолетник
-
Две жени од Куманово нападнати од нивните партнери
-
Сопругата на глумецот Џорџ Клуни се соочува со забрана за влез во САД
-
Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на останатите гранични премини нема подолги задржувања
-
Бројот на работници во индустријата намален за 3,9 проценти во првиот квартал
-
Осум повредени во пожарот во Кочани се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија