Симовски за недостатокот на попишувачи: Сакаме да имаме и лица во резерва
На прашање зошто нема интерес кај попишувачите да се пријават на конкурсите за пописот директорот на ДЗС Апостол Симовски во гостувањето на ТВ Сител во Тема на денот рече дека пандемијата не е проблем, туку огласот за попишувачи кој е пуштен во сред лето кога луѓето се по одмори.
- Пандемијата не беше во случајов, немаше големо влијание во овој дел. Мислам дека овеќе е тоа што нашиот оглас го дадовме во сред лето кога луѓето се по годишни одмори, кога се интензивни работите во земјоделието, кога се доста добар дел луѓето отидени на сезонска работа во соседните држави и сл. Меѓутоа нема друг период, бидејќи пописот на пролет се одложи за септемви месец а ова беше период кога можевме да го пуштиме огласот и навистина не очекував дека ќе има така слаб интерес особено во делот на Скопје, рече Симовски.
Во однос на недостатокот од попишувачи за есенскиот попис на населението директорот на ДЗС истакна дека не станува збор за голем недостаток.
- Не станува збор за преголема бројка на недостаток од попишувачи, некаде околу 1000 - 1500 максимум, заради тоа што сакаме да имаме и лица кои ќе бидат во резерва, да имаме поголем број на кандидати заради избор соодветен не само да ја пополниме онаа бројка која ни треба, додава Симовски.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
