Loading Video...
Фудбал
26. јуни 2020 - 19:12

Симов: Среќни сме што ќе играме во шампионската лига

Фудбалската федерација конечно денес ја донесе очекуваната одлука, според која кратовски Силекс ќе го заземе местото на Вардар и летово ќе настапува во квалификациите за Лигата на шампиони. Во таборот на Силекс се презадоволни од постигнатиот успех, иако пред една година никој не очекуваше ваков исход на првенството.
 
Бидејќи кус е периодот до евронастапите, каде Силекс и во случај на елиминација од Лигата на шампиони, го очекува најмалку уште еден меч во квалификациите за Лига Европа, тренерот Горан Симов веќе ги стартуваше подготовките. Ростерот е речиси идентичен со ланскиот, си замина единствено Алпај Јусуф, но затоа во Кратово пристигнаа две нови засилувања.
 
Во меѓувреме, клубот го доведе и Дејан Тантуровски од Македонија Ѓорче Петров.