Симов: Дигитализација без сајбер безбедност е сигурен пат кон катастрофа
Дигитализација без сајбер безбедност е сигурен пат кон катастрофа, вели за #Детектор професорот на ФИНКИ и Претседател на ИКТ Комората, Орце Симов. Според него ако ние го смениме хартиеното работење со дигитално тоа значи дека системите ќе бидат отворени кон целиот свет, а во таква ситуација тој ќе биде изложен на напад. Тој е на ставот дека дигитализација мора да ја следи и засилена сајбер безбедност, процес со кој минативе месеци имавме сериозни проблеми во повеќе државни институции.
„Дигитализација без информациона безбедност, без сајбер безбедност е сигурен пат кон катастрофа, односно тоа е рецепт за катастрофа. Доколку ние го промениме работењето и хартиеното работење го замениме со работење преку информациони системи и им овозможиме на корисниците на услугите да пристапуваат од надвор, преку компјутери и мобилни телефони, значи тие системи се отворени кон целиот свет. Доколку нема информациона безбедност тие системи можат да бидат лесна мета на напаѓачи кои имаат различни намери, од љубопитност, да го оневозможат системот, да се стекнат со финансиска корист. Системот доколку биде нападнат, доколку не функционира, тоа значи дека нашата компанија или некоја државна институција не може да ги дава тие услуги што треба да ги дава кон своите корисници. Значи дигиталната трансформација во исто време треба да биде следена со информациона безбедност“ – објаснува професорот Симов во Детектор.
Ново на Сител
-

Руските сили пресретнале и уништиле 315 украински дрона, трет дрон уништен пред Москва
-

Хавана ја нарече „неморална и криминална“ американската политика на блокада на Куба
-

Најмногу дожд во Охрид, најстудено на Попова Шапка
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
-

Доналд Трамп: Постои „добра шанса“ за нуклеарен договор со Иран по одложувањето на нападот
-

Во Собранието ќе заседаваат осум комисии
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана
