Симон Трпчески ја почна турнејата во Нов Зеланд и Австралија
Со концертот во Велингтон, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески ја започна турнејата низ Нов Зеланд и Австралија, со која ќе ја заокружи оваа концертна сезона сезона.
Серијата концерти низ Нов Зелан и Австралија се насловени „Моќ и страст“.
- Турнејата со одличниот Новозеландски симфониски оркестар под раководство на маестро Васили Петренко ја започнав во полната сала на „Мајкл Фаулер центарот“ во главниот град Велингтон. Концертот што мина одлично беше снимен од Радио Нов Зеланд. На програмата беше Концертот број 2 на Лист кој ми е навистина драг и многу ми е мило што имав можност по пауза од повеќе од години да го вратам во репертоарот и да му се радувам. Турнејата продолжува веќе во среда (15 јули) со концертот во Крајстчрч, а потоа и во Оукленд (17 јули) и Хамилтон (18 јули). Би сакал повторно да ги поканам и нашинците кои ме поддржаа на претходните две посети на Нов Зеланд да повелат и на овие концерти доколку имаат можност, изјави Трпчески за Македонското радио по првиот концерт во Велингтон.
По Нов Зеланд, продолжува со концерти низ Австралија. Тој дел од турнејата ќе го започне заедно со Сиднејскиот симфониски оркестар во познатата Опера Хаус во Сиднеј со три концерти, на 22, 23 и 24 јули.
- По избор на австралиските промотори, на програмата овој пат ќе биде еден од најпопуларните концерти – „Првиот....“ на Чајковски. Понатаму, во предвечерието на нашиот празник Илинден, на 1 август продолжувам на концерт во Аделаида со Симфонискиот оркестар на овој град, а потоа ќе следат и трите концерти во Мелбурн (на 7, 8 и 10 август), од кои два ќе бидат во „Хамер Хол“ заедно со Мелбурншкиот симфониски оркестар. И на австралиската турнеја ќе настапувам под диригентската палка на маестро Петренко со кого имаме подолга успешна соработка. Би сакал уште еднаш да ги поканам и нашите иселениции особено вљубениците во класичната музика во Австралија на овие концерти и на ваков начин да го прославиме нашиот голем празник Илинден. Со овие настапи ја завршувам тековнава концертна сезона и одам на заслужен одмор пред да се вратам и во Македонија и да ги започнам подготовките за следната сезона во која ќе има многу интересни концерти, вели Трпчески.
Турнејата низ Нов Зеланд и Австралија е завршница на концертната сезона на македонскиот виртуоз на пијано, а се надоврзува на настапите во најпрестижните концертни сали и со водечки светски оркестри и диригенти во Швајцарија, Холандија, Австрија, Велика Британија, Германија, САД, Русија, Полска, Шпанија, Исланд и Италија, реализирани само во првите шест месеци од 2015 година.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
-
Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
-
Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ
-
Информативната редакција на Сител со Роберт Поповски
-
30 години информативна редакција на Сител со Зоран Иванов
-
30 години информативна редакција на Сител со Васко Ефтов
-
Интервју со Ели Пешева