-->
-->
Симеоне: Подготвени сме за ново финале
-->

Реал и Атлетико, во вторник, ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Мадридските ривали, во последните три години два пати играа во финалето, Реал победи и во 2014 и во 2016 година, а во 2015 „кралскиот клуб“ го елиминира градскиот ривал во четвртфиналето.
Реал е едниствениот клуб, кој во изминатите три години во нокаут фазата, во Лигата на шампионите, бил подобар од Атлетико. И покрај позитивниот биланс тренерот на Реал, Зинедин Зидан, смета дека неговиот тим нема психолошка предност над ривалот.
„Тоа не значи ништо. Јас не размислувам нуту за финалето во Кардиф. Мораме да победиме, добро сме подготвени. „Наострени“ сме, би сакал мечот сега да започне“, рекол Зидан.
Францускиот стратег навел дека Рафаел Варан ќе биде во тимот и дека поради повреди во составот ќе ги нема Пепе и Герет Бејл.
Проблеми во дефанзивната линија има и стратегот на Атлетико, Диего Симеоне. Десниот бек Хуанфран е повреден, Шиме Врсаљко неодамна се врати на тренинзите по повредата, а алтернативата за овие двајца Хосе Хименес се повреди во саботата.
„Ќе најдеме некое решение. Отсуствата се важни, бидејќи во нова ситуација ќе се мајдат оние кои ќе играат на нивните позиции. Но ова е тимски спорт и остатокот од тимот мора да го надомести нивното отсуство“, рекол аргентинскиот тренер.
Инаку, Атлетико, сезонава ја има најдобрата одбрана во Примера, примени 25 гола на 35 натпревари, додека Јан Облак на последните 12 натпревари е совладан само четири пати.
Првото полуфинале во Лигата на шампионите ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“, во вторник од 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
