-->
-->
Симеоне не се предава, останува во Мадрид
-->

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Пабло Симеоне објави дека и наредната сезона ќе го предводи клубот, со што стави крај на шпекулациите дека би можел да биде идниот тренер на Интер од Милано.
„Останувам тука. Останувам тука бидејќи клубот има иднина, а таа иднина е заедничка за сите нас. Деновиве ќе имам состанок со раководството да видиме што понатаму. Имаме солидна основа“, рекол Симеоне.
Атлетико сезоната ја заврши на третото место во Примера, а од доаѓањето на Симеоне, зимата 2012 година, клубот ја освои Примера, шпанскиот Куп, Супер купот на Шпанија и Супер купот на УЕФА, како и Лига Европа.
Атлетико, во неделата, го совлада Атлетик Билбао 3:1 во својот последен меч на „Винсенте Калдерон“, од наредната сезона „јорганџиите“ ќе играат на новиот ултра модерен стадион „Ванда Метрополитано“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Јас побарав да запрат исплатите за ИПАРД
-

Фетаи: Меџити држеше 2 места во владата
-

Коцевски: Ќе ги засилиме капацитетите за Пулс
-

Мицкоски: Не е крај на светот – компании ќе се отвораат и затвараат
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски со мрежа ќе го брани Вардар од отпад и загадување - Комунална хигиена останува под Град Скопје
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Не се намалува бројот на сообраќајки во главниот град – Дневно Брзата помош интервенира на 3-4 несреќи
