Сименс вложува 600 милиони евра во технолошки парк во Берлин
Германскиот индустриски конгломерат Сименс се враќа на своите корени, најавувајќи до 600 милиони евра инвестиции во развојот на технолошки парк во индустриска зона во Берлин.
Компанијата има намера да изгради нов Сименсштат во берлински кварт, каде веќе имало нивни фабрики кон крајот на 19 век.
Целта на новиот проект во Спандау на површина од 70 хектари, ќе претвори голема индустриска зона во модерен, урбан кварт од иднината, со цел да се поттикне иновацијата и соработката меѓу науката и компаниите, наведуваат во Сименс.
Како дел од проектот на земјиштето на Сименс во Спандау, технолошкиот парк и претприемачки инкубатор ќе бидат изградени до крајот на 2030 година.
Сименсштад ќе биде седиште на активности во сегменти како што се системи за дистрибуција на енергија и управување со енергија, технологија за електрични возила, вештачка интелигенција, анализа на податоци и блокчеин, наведуваат во германската компанија.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта