Силување во Македонија - граѓаните во шок
Уште едно силување ја потресе Македонија. Како што информираат од МВР, вчера било пријавено дека истиот ден во претпладневните часови во Виница на градскиот стадион У.Ќ.(18) од Виница извршил кривично дело „силување“ над 16 годишна малолетничка. Имено, околу 7:30 часот истата заминала на настава во средно училиште, од каде за време на одморот, У.Ќ. насилно ја однел кај стадионот и побарал да остане во Виница со него, и да не оди во Германија. Откако малолетничката се спротивставила, истиот и ги врзал рацете, нозете и устата со фластер, по што го извршил кривичното дело. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кочани. По наредба на Јавен обвинител, У.Ќ. бил лишен од слобода и задржан во ПС-Виница. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Водици и Денот на рибарите магнет за туристите
-
Преглед на вестите од светот
-
Револт кај Македонската Фаланга од данските судии - играчите и навивачите сепак не се обесхрабрени
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ