Силувале соученичка и сликата ја објавиле на интернет
Двајца ученици од Охајо се обвинети за силување на своја соученичка и прогласени се за виновни.
Трент Мејс, 17, заедно со Малик Ричмонд, 16, за време на донесувањето на пресудата неконтролирано плачеле, но тужителката Мариен Хеметер изјавила дека не смета оти тие покажуваат каење.
Тие двајца објавиле и фотографија на интернет од самото силување, поради што наидоа на најстрого осудување и најтешки коментари од јавноста.
Поради ова ужасно дело, осудени се на најмалку една година во затвор за малолетни лица, но таму најверојатно ќе останат додека не наполнат по 21 година.
За целата оваа работа да биде уште пошокантна, Мејс изјавил дека се кае затоа што ја објавил сликата на интернет, но во неговата изјава воопшто не споменал дека се кае поради самото силување.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски