-->
-->
Силно невреме го погоди Неготино
-->
По вчерашното невреме во Битола денес силно невреме проследено со обилен дожд, грмежи, ветер и град попладнево го погоди Неготино. Дел од улиците во градот се поплавени.
Командирот на Територијалната противпожарна единица, Иле Илиев потврди за МИА дека на одредени места има потреба од извлекување вода со пумпи и дека ќе се интервенира на терен.
На 6 јули 1995 година градот беше зафатен од голема поплава. Денешното невреме се случува всушност, ден пред 25-годишнината од последната голема поплава во Неготино.
Неготинска река се излеа во центарот на градот, а градот остана без струја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички