-->
-->
Силна експлозија во хемиска фабрика во Шпанија, еден загинат и најмалку 9 повредени
-->
Едно лице загина, а најмалку девет се повредени, од кои три потешко, во силната експлозија во хемиската фабрика на североистокот од Шпанија, соопштија регионалните каталонски власти, пренесуваат американските медиуми.
Лицето загинало кога врз него се урнала зграда што била погодена од воздушниот бран предизвикан од експлозијата во фабриката во областа Тарагона, објавија весниците „Вангардија“ и „Паис“ на своите интернет страници.
Кабинетот на шпанскиот премиер Педро Санчез сооопшти дека тој е во контакт со каталонските власти и дека Мадрид е подготвен да ја пружи сета неопходна помош.
Британскиите медиуми јавуваат дека на лице место се наоѓаат 20 пожарникарски возила, 11 возила на итната медицинска помош и хеликоптер.
На локалните жители им е советувано да останат во своите домови со затворени прозорци. иако засега нема податоци за загаден воздух.
Засега не е позната причината за експлозијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска